Јагнешки бут со мед

Јагнешки бут со мед

Вкусно јагнешко месо кое се топи во уста…

Состојки:

  • јагнешки бут
  • 4 лажици мед
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Лукот исчистете го и преполовете го. Рузмаринот измијте го и искинете го на парчиња. 
  2. Засечете го месото на повеќе места па ставете парчиња лук и рузмарин. Посолете и побиберете. 
  3. Во помал сад измешајте маслиново масло и мед, добро разматете, па премачкајте го месото од сите страни. Така подготвениот бут ставете го во плех и печете 60-80 минути додека месото не омекне. Печењето повремено прелијте го со сок од дното на плехот.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко