Деликатес на денот: Лазања со рукола

Деликатес на денот: Лазања со рукола

Направете вкусна лазања со рукола.

Ingredients

  • 250 гр. кори за лазања
  • 6 мали домати
  • 2 китки рукола
  • 200 гр. сирење кравјо
  • масло и сол

Подготовка:

  1. Се сечат доматите на кришки и се држат 2-3 минути во врела вода, се вадат и лупат.
  2. Се сечат на коцки потоа и се ставаат во сад.
  3. Се додаваат три лажици масло, кора лимон изрендана ситно и сол.
  4. Се мие руколата, се чисти и се сече.
  5. Се вадат 12 кори за лазања и се варат пола минута една по една во врела вода со сол.
  6. Се ставаат на тава со масло, така што се става ред тесто за лазања, па рукола, домати, ситнето сирење и пак ред лазања, додека има смеса.
  7. Се полева со масло и се запекува на загреана рерна 10 минути на 180 степени.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук