Вкусни спанаќ палачинки
.
Состојки:
- 300 гр. маргарин
- 3 жолчки
- 60 гр. брашно
- 2 лажици варен спанаќ
- 3-4 лажици кисела павлака
- 3 белки (снег)
- сланина по избор
- магдонос, сол, бибер, масло
Подготовка:
- Се мати маргаринот со жолчки и брашно, па се додава ситнет и варен спанаќ и кисела павлака со зачини и снег од белки.
- Се печат палачинки од оваа смеса на тава со масло.
- Се става горе смеса од пржена сечена сланина на масло со магдонос и лук по желба.
- Се сервира врз палачинките.