Лажно брауни од блендер: Нема побрз десерт

Лажно брауни од блендер: Нема побрз десерт

Овој десерт е готов за половина час, а вкусот ќе ве фасцинира!

Состојки:

  • 100 гр овесни снегулки
  • 50 гр какао
  • 170 гр мед
  • 125 гр путер од кикирики
  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/8 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени, намастете сад со големина 20х20 и покријте го со хартија за печење.

     

  2. Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте да добиете густа и глатка смеса.

     

  3. Прелијте во подготвениот сад и печете 20 минути. Причекајте колачот да се излади, па исечкајте го на коцки и послужете.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта