Брзи селски питички со готови кори – Едноставен и евтин појадок

Брзи селски питички со готови кори – Едноставен и евтин појадок

Направете вкусни селски питички.

Состојки:

  • 1 пакување кори за гибаница
  • 300 гр. сирење
  • 200 гр. кисело млеко
  • 4 јајца (1 жолчка се двои за премачкување)
  • 1 прашок за пециво
  • 80 гр. маргарин
  • 2 лажици брашно
  • масло и сол

Подготовка:

  1. Се вадат корите и се сечат по должина да се добијат долги траки широки околу 4 прста.
  2. Се мати млекото со јајца и прашок за пециво, сирење и брашно. Се премачкува секоја лента и се става маргарин парченца на лентите.
  3. Се виткаат како триаголници лентите и се редат во плех за печење со хартија и масло. Се остава простор меѓу нив.
  4. Се премачкуваат со жолчка, по желба се става и сусам и се печат на 170 степени додека не поруменат убаво.

singlepost_text