Торта „Ледена кралица” со пишкоти сладолед и малини

Торта „Ледена кралица” со пишкоти сладолед и малини

Направете вкусна шарлота со сладолед.

Состојки:

  • 200 гр. пишкоти
  • 1 лажица бренди
  • 500 гр. сладолед од ванила
  • 300 гр. малини
  • ¼ шолји шеќер
  • 1 ½ лажички лимонов сок
  • ½ шолји кисела павлака

Подготовка:

  1. Се ставаат по ивицата на калап за торта пишкотите, и по дно.
  2. Се става растопен сладолед од ванила и бренди, се остава 10 минути да се натопат.
  3. Се пасираат малините со шеќер и сок од лимон, како и 1 шолја вода.
  4. Се мати павлаката се додаваат ¾ од  смесата од малините се става врз пишкотите, па се става остатокот од смесата со малините и шеќер и лимонов сок која е без павлака.
  5. Се рамни и се става во ладилник.