Чорба со пилешко и печурки

Чорба со пилешко и печурки

Вкусна чорба која ќе ве освежи…

Состојки:

  • 500 гр печурки по избор
  • 300 гр пилешки гради
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 веза зеленчук за супа
  • 200 мл павлака за готвење
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На маслиново масло пропржете го пилешкото исечкано на коцки, додека не порумени. 
  2. Во тенџере пропржете ситно сечкан кромид и лук па додајте морков исечкан на коцки, целер и магдонос. 
  3. Гответе десетина минути па измешајте печурки исечкани на листови. Динстајте додека не испари вишокот вода па измешајте пилешко и долијте вода. 
  4. Гответе 15 минути и измешајте павлака за гответе, оставете да зоврие и послужете.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта