Лесни за подготовка, вкусни за јадење: Стапчиња со кашкавал

Лесни за подготовка, вкусни за јадење: Стапчиња со кашкавал

Стапчињата можете да ги послужите како предјадење, но и како вечера или доручек со малку кисело млеко или јогурт.

Состојки:

  • 1/2 кг брашно
  • 250 гр кашкавал
  • 250 гр путер
  • 1 дл ладно млеко
  • прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно и путер со раце, додајте прашок за печиво и изрендан кашкавал. Добро замесете и направете дупка во средината и тука ставете 1 цело јајце и 1 жолчка, малку сол и млеко.
  2. Повторно добро замесете и тестото поделете го на два дела. Развлечете го на дебелина од половина прст, премачкајте со останатата белка и посипете со изрендан кашкавал. Печете на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text