Вкусно јадење: Јагнешки пилав

Вкусно јадење: Јагнешки пилав

Вкусно јадење од ориз и јагнешко месо…

Состојки:

  • 750 гр јагнешко месо
  • 300 гр ориз
  • 150 гр црвен кромид
  • морков
  • магдонос
  • целер
  • 2 зелени пиперки
  • 1 домат
  • малку бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте го јагнешкото и исечкајте го на крупни парчиња и ставете го во вода да зоврие. Кога ќе биде на половина зготвено, процедете ја водата, месото измијте го и вратете го и додајте сол, неколку зрна бибер и исчистени морков, магдонос и целер. 
  2. Кромидот исчистете го, исечкајте го и ставете да се пржи, додајте исечкани пиперки. Во меѓувреме, измијте го оризот. 
  3. Потоа и оризот додајте го на масло и пропржете. Сѐ залијте со месна супа (количината на супа мора да биде двојно поголема во однос на количината на оризот). Додајте месо во оризот, а потоа пилавот ставете го во рерна и динстајте 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text