Домашна погача – меко и мирисно тесто кое потсетува на детството (Видео)

Домашна погача – меко и мирисно тесто кое потсетува на детството (Видео)

Погача мека како пена, ќе ве воодушеви со својот фантастичен вкус.

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 мл масло
  • 2 јајца
  • малку путер или маргарин за премачкување
  • малку сол
  • 450 гр брашно (меко Т-500)
  • сусам
  • жолчка за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во млака вода додајте квасец и лажичка шеќер и оставете да надојде. Во вангла разматете јајца, додајте масло, надојден квасец, млеко, брашно и сол и добро разматете го тестото со раце или миксер. Оставете го да нарасне, па повторно обработете го и повторно оставете да нарасне. 
  2. Нараснатото тесто ставете го на маса која сте ја премачкале со малку масло. Добро израмнете со сукало на половина см, па премачкајте со маргарин. 
  3. Со нож за пица исечкајте тенки ленти, па тестото свиткајте го во ролна, па во круг и ставете го во плех кој сте го намастиле или сте ставиле хартија за печење. Оставете тестото да нарасне, па премачкајете со жолчка. Посипете сусам и печете на 180 степени околу 45 минути. Врелата погача премачкајте ја со малку путер или маргарин.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта