Пита со праски и свуо грозје: Толку сочна што се топи во уста (Видео)

Пита со праски и свуо грозје: Толку сочна што се топи во уста (Видео)

Направете го овој десерт и уживајте во магијата од вкусови…

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 150 гр шеќер
  • 1 кг праски
  • 4 јајца
  • 4 лажици гриз
  • 150 гр суво грозје
  • 50 мл масло
  • 1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со шеќер, додајте гриз со прашок за печиво, суво грозје, масло и сѐ добро изедначете. 
  2. Првата кора раширете ја на маса и малку намастете ја. Праските измијте ги, па излупете ги и исечкајте ги на парчиња. 
  3. Втората кора намачкајте ја со фил од јајца. Ставете трета кора и неа премачкајте ја со фил и на дното наредете излупени праски. Свиткајте ги краевите, па свиткајте во ролат. 
  4. Така направете и со останатите кори. Печете на 200 степени околу 50 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки