Брзо и лесно јадење за топлото време: Макарони со шунка

Брзо и лесно јадење за топлото време: Макарони со шунка

Сите сакаме брзо и лесно јадење на топлото време, а што е подобро од макарони со шунка.

Состојки:

  • 300 гр. макарони
  • 100 гр. сланина
  • 250 мл. павлака за готвење
  • 100 гр. шунка
  • 125 гр. маргарин
  • сол, бибер, лук во прав и масло

Подготовка:

  1. Се става маргаринот во тава да се стопи, па се става сечената сланина, се пржи добро и се додаваат зачините, сол, бибер и лук во прав и се трга по минута до две.
  2. Се става исечената салама.
  3. Се става потоа павлаката и се крчка 5-6 минути на оган.
  4. Се ставаат макароните во шерпа со сол и масло и се варат според упатството.
  5. Се цедат, им се става сосот горе во чинија