Десерт во чаша со топло чоколадо крем банани и шлаг

Десерт во чаша со топло чоколадо крем банани и шлаг

Направете вкусен десерт во чаша.

Состојки:

  • 150 гр. плазма
  • 200 мл слатка павлака
  • 180+300 мл. млеко
  • 3 кеси шлаг
  • 2 кеси топло чоколадо
  • 5 крем банани
  • 2 лажици мелени бисквити

Подготовка:

  1. Се матат 180 милилитри млеко со 3 кеси шлаг, а во друг сад се мати посебно слатката павлака.
  2. Се варат на пареа две кеси топло чоколадо со 300 милилитри млеко, додека се згуснат.
  3. Се дроби во шолја по 2-3 плазми, се става топло чоколадо, па павлака, па сечени крем банани и шлаг, па бисквити.
  4. Така се прави во повеќе чаши.
  5. Се лади и служи.
  6. Совет: Наместо топло чоколадо може да користите и пудинг од чоколадо според упатството.

singlepost_text