Уштипци од тиквици, вкусни и воздушести

Уштипци од тиквици, вкусни и воздушести

Уштипците подготвени на овој начин се превкусни!

Состојки:

  • 500 гр тиквици
  • 100 мл млеко
  • 300 гр павлака или грчки јогурт
  • 200-220 гр брашно
  • 20 гр квасец
  • 3 јајца
  • сол
  • 1 мала главица кромид
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците измијте ги и изрендајте ги. Посолете и оставете ги десетина минути добро да се исцедат од течност. Разматете ги (без миксер) сите останати состојки освен брашно, додајте исцедени тиквици, изрендајте кромид и исечкајте магдонос. Откако ќе измешате додајте брашно и сол. Оставете го тестото да стои најдолго половина час, може и подолго ако ви одговара. 
  2. Пржете на средна температура, прво загрејте јако, спуштете ги првите уштипци па намалете ја температурата. Свртете ги да порумени и другата страна па извадете ги на салфета да се исцедат. 
  3. Послужете со кисело млеко, јогурт, сувомеснати производи, салата.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text