Уштипците подготвени на овој начин се превкусни!
Состојки:
- 500 гр тиквици
- 100 мл млеко
- 300 гр павлака или грчки јогурт
- 200-220 гр брашно
- 20 гр квасец
- 3 јајца
- сол
- 1 мала главица кромид
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Тиквиците измијте ги и изрендајте ги. Посолете и оставете ги десетина минути добро да се исцедат од течност. Разматете ги (без миксер) сите останати состојки освен брашно, додајте исцедени тиквици, изрендајте кромид и исечкајте магдонос. Откако ќе измешате додајте брашно и сол. Оставете го тестото да стои најдолго половина час, може и подолго ако ви одговара.
- Пржете на средна температура, прво загрејте јако, спуштете ги првите уштипци па намалете ја температурата. Свртете ги да порумени и другата страна па извадете ги на салфета да се исцедат.
- Послужете со кисело млеко, јогурт, сувомеснати производи, салата.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
Малиџано – одличен домашен рецепт