Српска салата

Српска салата

Идеално за летото, направете српска салата.

Состојки:

  • 2 домати
  • 1 краставица
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • 2-3 лажици масло
  • 2-3 лажици јаболков оцет
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се сечат ситно лупените кромид и краставица, па се сечат и пиперката и доматите и се ставаат во чинија.
  2. Се става сол со бибер, масло и оцет и се меша.