Сочен и мек: Печен компир од рерна

Сочен и мек: Печен компир од рерна

Со малку масло подгответе сочен и мек печен компир, ароматичен и румен.

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 6-7 лажици масло
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1,5 лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги па ставете ги да се зготват. Оставете ги да се изладат па излупете ги и исечкајте ги на парчиња или на половини. 
  2. Намастете тепсија со 2-3 лажици масло. Направете премаз за компирите. Измешајте 3-4 лажици масло со зачини и секој компир премачкајте го со четка во тенок слој. 
  3. Печете околу 30 минути на 220 степени и послужете со месо и салата.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта