Домаќински ручек: Свински шницли со сенф и павлака

Домаќински ручек: Свински шницли со сенф и павлака

За подготовка на овој ручек не ви треба многу време.

Состојки:

  • 4-5 шницли свинско каре
  • сенф
  • брашно
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • млад кромид
  • сол
  • бибер
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Шницлите исчукајте ги со чекан за месо, потоа посолете ги и истријте сенф во нив. Во загреана тава испечете ги од секоја страна по 2-3 минути. 
  2. Потоа извадете ги шницлите и во загреаното масло ставете кромид, крупно сечкан, да се пропржи. Потоа повторно додајте го месото, а во чаша разматете павлака, малку сенф и малку брашно. 
  3. Месото прелијте го со тоа и додајте малку вода. Зачинете по вкус. Оставете да крчка на слаб оган десетина минути и потоа сервирајте со боранија или компири.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки