Овошен тарт со банани: Освеувачки вкус кој не се заборава

Овошен тарт со банани: Освеувачки вкус кој не се заборава

Направете го овој десерт на единствен начин, гарантираме ќе ви се допадне!

Состојки:

  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 пудинга од слатка павлака
  • шеќер за пудинг
  • 500 гр банани
  • 100 гр мелени бисквити
  • 50 гр кокос
  • 1 готово лиснато тесто
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 л млеко

Начин на подготовка:

  1. На плех со пречник од 22 см ставете хартија, па развлечете тесто и печете на превртен плех на 200 степени околу 25 минути. 
  2. Згответе ги посебно двата пудинга во млеко и засладете по вкус. Во чоколадниот дел додајте мелени бисквити, а во светлиот додајте кокос и добро изедначете. 
  3. Во печениот калап ставете го чоколадниот дел, па наредете цели банани, од горе светлиот пудинг и убаво израмнете. 
  4. Кога ќе се излади ставете разматена слатка павлака. Оставете да се лади 2-3 часа во фрижидер и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text