Сочни и брзи: Ќофтиња со мелено месо и модар патлиџан

Сочни и брзи: Ќофтиња со мелено месо и модар патлиџан

Направете вкусни ќофтиња со мелено месо и модри патлиџани.

Состојки:

  • 500 гр. мелено месо
  • 1 црн патлиџан
  • 2 лажици презла
  • 1 кришка леб и малку сол
  • 1 јајце
  • бибер

Подготовка:

  1. Се мие црниот патлиџан, се сече на парчиња и се остава 30 минути со сол да излезе горчината.
  2. Се сече на ситни парчиња, се додава мелено месо, па сите други состојки, сол и бибер, јајце и ронетата средина од лебот и се прават ќофтиња.
  3. Се пржат на тава со масло.