Салата со пченка и грав

Салата со пченка и грав

Брза и вкусна оброк салата.

Состојки:

  • 250 гр црвен грав
  • 250 гр пченка
  • 1 главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 домат
  • 1/2 кристал салата
  • 1 свежа краставица
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 2 чешниња лук
  • магдонос
  • сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Салатата измијте ја и исечкајте ја, додајте исечкан кромид, пиперка, домат, краставица и пченка и грав. 
  2. Преливот подгответе го така што ќе измешате малку маслиново масло со лимон, додајте бибер и сол и ситно исечкан лук и магдонос. Прелијте преку салатата, добро измешајте и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула