Оброк салата со колбаси и ориз

Оброк салата со колбаси и ориз

Богат вкус… Рецепт за оброк салата со колбаси и ориз.

Состојки:

  • 150 гр ориз
  • сол
  • 2 големи пиперки
  • 1 мало јаболко
  • 200 гр колбас Пекабеско
  • 1 главица кромид
  • 200 гр јогурт
  • 1 лажичка лутеница
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе го оризот. Исчистете ги пиперките. Излупте го јаболкото, исчистете го од семки и исечкајте го. Пиперките и колбасите исечкајте ги на парчиња. Процедете го оризот, оставете го да се излади и измешајте го со подготвените состојки.
  2. За прелив ситно исечкајте кромид, па измешајте со јогурт, лутеница, малку сол и бибер. Прелијте ја салатата и добро измешајте ги сите состојки. 
  3. Ставете ја салатата околу 30 минути во фрижидер за состојките да ги впијат вкусовите од преливот. Сервирајте по желба со зачински билки, кромид или лута пиперка.


Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)