Кинески рецепт за шпагети, повкусни не сте пробале

Кинески рецепт за шпагети, повкусни не сте пробале

Повкусни не сте пробале…

Состојки:

  • 200 гр тенки шпагети
  • 200 гр шампињони
  • 100 гр спанаќ
  • 200 гр тиквици
  • 100 мл соја сос
  • 100 гр морков
  • 200 гр праз
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица ѓумбир
  • 1 лажица вегета
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го, исчистете го и исцедете го. Празот и тиквиците исечкајте ги синтно, а шампињоните на листови. Исечкајте ги лукот и морковот и бланширајте. 
  2. Згответе ги шпагетите во несолена вода, но не до крај. Исцедете ги и оставете ги на топло место. 
  3. На загреано масло во длабока тава кратко испечете го лукот и морковот и ставете ги на шпагетите. 
  4. Во истиот сад додајте малку масло, пропржете ги празот и тиквиците па ставете ги на шпагетите. Постапката повторете ја со спанаќот и шампињоните. 
  5. На крај додајте ѓумбир, соја сос и вегета, измешајте па вратете во садот.


Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)