Пита со џем од смокви и мед

Пита со џем од смокви и мед

Слатка пита со џем од смокви…

Состојки:

  • 600 гр оштро брашно
  • 2 јајца
  • прашок за печиво
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 300 гр путер или маргарин

Состојки за фил:

  • мед
  • 100 гр мелен рогач
  • џем од смокви
  • 10 суви или свежи смокви

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од брашно, путер, шеќер, сол, јајца и прашок за печиво. Јајцата додајте ги и замесете дури кога брашното и путерот ќе се соединат. Обликувајте топка, замотајте ја и ставете ја во фрижидер половина час. 
  2. Две третини од тестото истанчете со сукало и ставете на работна површина, а една третина оставете за врвов на питата. Измешајте мелен рогач со џем од смокви и мед, филот размачкајте го по тестото, питата покријте ја со останатата една третина од тестото па наредете суви или свежи смокви. Печете 20 минути на 220 степени.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text