Деликатесен ручек: Кремаво пилешко во сос од ајвар

Деликатесен ручек: Кремаво пилешко во сос од ајвар

Направете посебен ручек, пилешко во крем сос.

Состојки:

  • 150 гр. кромид
  • 170 гр. шампињони од тегла
  • 800 гр. пилешко месо
  • 4 чешни лук
  • сол, бибер, чили, вегета
  • 2 лажици масло
  • 200 гр. павлака за готвење
  • 150 гр. кашкавал
  • 20 гр. маргарин
  • 20 гр. брашно
  • 4 лажици ајвар (полни)

Подготовка:

  1. Се сече ситно кромидот и се цедат печурките, се мијат и  се сечат потоа, па се ситни и лукот.
  2. Се става месото во сад и се става ситнет лук, сол и бибер, чили во прав и вегета. Се пржи кромидот на масло и се додава и месото и се пржи 5 минути.
  3. Се додаваат печурките и зачини.
  4. Се става и павлаката и ечен кашкавал.
  5. Се меша маргарин со брашно и се додава.
  6. Се крчка се 10 минути и се става ајварот.
  7. За неколку минути е служи, супер е со ориз, компир или тестенини.