Колач со два вида чоколадо и бадеми

Колач со два вида чоколадо и бадеми

Направете вкусен чоколаден колач.

Состојки:

  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. млечно чоколадо
  • 125 гр. путер
  • 150 гр. брашно
  • 200 гр. бадеми
  • 1 лажица кисела павлака
  • 3 јајца
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • ½ прашок за пециво
  • сол

Глазура:

  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 50 гр. путер
  • 3 лажици вода

Подготовка:

  1. Се топи на пареа 100 грама путер со двата вида чоколадо и се трга од оган, па се става кисела павлака.
  2. Се печат бадемите на сува тава 10 минути и се мелат пола, пола се сецкаат.
  3. Се матат јајцата со миксер и се става шеќер и сол, п се додава чоколадото и се мати, па брашно постепено и на крај прашок за пециво и бадеми.
  4. Се става на плех со маргарин и се пече на 180 степени 35 минути.
  5. Се прави глазура со чоколадо и малку вода, се топат на оган, се додава путерот и се меша, па се прелива колачот.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

 

singlepost_text