Брза мусака

Брза мусака

Вкусна и брза мусака…

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 гр мелено месо
  • 100 гр сувомеснато Пекабеско
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте сувомеснато и пропржете го, додајте исечкан кромид и лук, па мелено месо. Измешајте и малку пропржете па зачинете по вкус. Месото треба да го пржите само да го прими вкусот на зачините. 
  2. Компирите излупте ги и исечкајте ги на кругови. Намастете огноотпорен сад па наредете компири, а преку распоредете неколку лажици месо. Редете наизменично компир и месо, со додавање на зачини. Завршниот слој е компир. 
  3. Разматете јајца, додајте млеко и измешајте. Прелијте го јадењето и печете на 200 степени додека не порумени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text