Ароматичен компир со лимон и рузмарин

Ароматичен компир со лимон и рузмарин

Вкусен и ароматичен компир со лимон и рузмарин.

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • малку путер
  • 200 гр млади компири
  • 2 гранчиња свеж рузмарин
  • 2 чешниња лук
  • 1 исцеден лимон
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Во длабока тава загрејте масло и додајте путер да се растопи. Додајте компири и пржете ги пет минути. Додајте рузмарин и лук. Сите состојки добро пропржете ги и свртете ги повремено за смесата да не загори. 
  2. Преку младите компирчиња исцедете лимон, додајте сол и свежо мелен бибер.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед