Колач од јаболка: Крцкав десерт кој ќе ве освои!

Колач од јаболка: Крцкав десерт кој ќе ве освои!

Крцкав десерт кој ќе ве освои!

Состојки:

  • 150 гр брашно
  • 150 гр гриз
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр шеќер

Состојки за фил:

  • 600 гр рендани јаболка
  • малку цимет
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр шеќер

Останати состојки:

  • 1 коцка путер
  • 50 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Сувите состојки добро измешајте ги и просејте ги за прашокот за печиво добро да се распореди. Намастете тепсија со путер па дното прекријте го со сува смеса, а преку во тенок слој распоредете јаболка измешани со суво грозје и цимет. Потоа повторно сува смеса, а од горе рендано чоколадо и така додека не го потрошите материјалот. 
  2. Завршете со тенок слој брашно и притиснете со раце па на брашното изрендајте путер и посипете сечкани ореви. Печете на 200 степени околу 45 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)