Ризи бизи: Лесен ручек за летните денови

Ризи бизи: Лесен ручек за летните денови

Не морате секој ден да јадете месо. Овој ручек е совршен за чистење на организмот. Пробајте го!

Состојки:

  • 200 гр шампињони
  • 100 гр ориз
  • 1 морков
  • 2 струка млад кромид
  • листови магдонос
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подгтовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид па додајте сечкан морков. Кога ќе се издинста додајте сечкани шампињони, измиен ориз, па налијте малку вода и гответе на тивок оган. Кога оризот малку ќе набабри додајте сол, бибер па ставете во ѓувеч и додајте сечкан магдонос. Додајте уште малку вода. 
  2. Ставете во рерна и печете на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text