Колач со диња и вишни: Подобар од било која овошна торта

Колач со диња и вишни: Подобар од било која овошна торта

Подобар од било која овошна торта, овој колач ќе ве остави без зборови…

Состојки:

  • 100 гр гриз
  • 150 гр брашно
  • 5 јајца
  • 200 мл јогурт или кисело млеко
  • кора од лимон
  • 1 прашок за печиво
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 мл масло
  • 100 гр шеќер
  • 400 гр диња
  • 200 гр вишни
  • 1 ванилин шеќер за посипување
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно, гриз и прашок за печиво, просеани, додајте јогурт или кисело млеко, масло, кора од лимон па изедначете. 
  2. Плех со големина 30х20 премачкајте со малку масло и посипете со брашно па ставете ја смесата и изедначете. Дињата исчистете ја па со некој мал кружен калап извадете кругови, кои малку ќе ги издлабите во средина и во средината ставајте вишна, па наредете во тестото. 
  3. Притиснете малку со прсти дињата да потоне во тестото. Печете во загреана рерна на 200 степени 40-50 минути. Посипете со ванилин шеќер и шеќер во прав. Сечете кога ќе се излади.

Уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула