Пилешко капрезе: Неодолива идеја за лесен летен ручек

Пилешко капрезе: Неодолива идеја за лесен летен ручек

Лесен летен ручек готов за половина час!

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо без коски
  • 190 гр песто сос
  • 180 гр свежо моцарела сирење, исечкано на 12 кругови
  • 4 домати, исечкани на кругови
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици балсамико оцет
  • свеж босилек

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени. Во плех ставете хартија за печење. 
  2. Белото месо ставете го во плех, ставете по една лажица песто сос на секое парче и истријте. Од горе ставете моцарела и кругови домати, залијте со маслиново масло и додајте сол и бибер по вкус. 
  3. Ставете во рерна и печете додека месото не биде готово, околу 20 минути. 
  4. За подобар вкус, пропрскајте малку балсамико и украсете со босилек.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)