Вкусен оброк: Јајца со спанаќ

Вкусен оброк: Јајца со спанаќ

Подгответе вкусен и здрав оброк од јајца и спанаќ.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 300 гр спанаќ
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 2 лажици павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • мускатно оревче
  • 2 лажици презла
  • 60 гр рендано сирење
  • 1 лажица путер

Начин на подготовка:

  1. Јајцата гответе ги околу 5 минути, да бидат полутврди. Излупете ги и пресечете ги на половина. Спанаќот исчистете го, измијте го, кратко бланширајте го и исцедете го. Разматете кисела павлака и павлака за готвење, па зачинете. 
  2. Јајцата наредете ги во огноотпорен сад кој сте го премачкале со путер, прекријте ги со спанаќ и залијте со мешавина од павлака. Посипете со презла и сирење па печете во рерна околу 10 минути додека сирењето не се растопи.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед