Тиквици со нудли

Тиквици со нудли

Вкусен оброк готов за 15 минути, можете да го комбинирате со модар патлиџан и шопска салата. Вистински летен оброк.

Состојки:

  • 1 мала тиквица
  • 2 чешниња лук
  • 2-3 пакувања нудли
  • 300 мл неутрална павлака за готвење
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • листови магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците измијте ги и исечкајте ги на стапчиња, заедно со кората. Испржете ги на маслиново масло и кога ќе омекнат и ќе почнат да се печат додајте неутрална павлака, сол, бибер. Оставете да се зготват и веднаш ставете нудли. Кога ќе омекнат тргнете од оган и послужете. Посипете со сечкан магдонос или пармезан.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта