Рецепт за познатите грчки ќофтиња од мелено месо

Рецепт за познатите грчки ќофтиња од мелено месо

Традиционално грчко јадење од мелено месо…

Состојки:

  • 500 гр мелено свинско месо
  • 1 јајце
  • 1 голем компир
  • веза магдонос
  • малку сол
  • бибер
  • цимет
  • 1 помала главица кромид
  • малку брашно
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Издрендајте ги компирите но не ја фрлајте течноста која ќе остане после рендањето. Ако компиирите се многу свежи и осане многу сок, тогаш вишокот фрлете го, но нема потреба да ги цедите. 
  2. Во месото измешајте компир, јајце, магдонос, кромид, сол, бибер и цимет. Добро замесете и обликувајте ќофтиња. 
  3. Извалкајте ги во брашно и пржете ги на загреано масло од двете страни да добијат златнобраун боја. 
  4. Послужете ги топли со пржени компири кои сте ги зачиниле со лимон и сол.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text