Предлог за ручек: Црногорски шницли

Предлог за ручек: Црногорски шницли

Пржено месо со фил од кајмак ќе ги воодушеви и најголемите гурмани.

Состојки:

  • 600 гр шницли од телешки бут
  • 300 гр карфиол
  • 250 гр кајмак
  • 2 дл млеко
  • сол
  • 100 гр брашно
  • 3 јајца
  • 100 гр презла
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Исчукајте ги шницлите, посолете и премачкајте со кајмак. 
  2. Шницлите свиткајте ги како ролат, извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла, па пржете ги на врело масло. 
  3. Карфиолот згответе го и поделете го на 4 еднакви делови. 
  4. Во млекото разматете ги останатите јајца од поховањето. Карфиолот ставете го во огноотпорен сад, прелијте го со разматени јајца и млеко и печете во рерна. 
  5. Испржетените шницли послужете ги со запечен карфиол и парчиња лимон.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text