Ладен овошен колач готов за неколку минути (Видео)

Ладен овошен колач готов за неколку минути (Видео)

Лесен, леден десерт кој ќе го направите за миг!

Состојки за кора:

  • 200 гр мелени бисквити
  • 150 гр печени лешници, ореви или бадеми
  • 125 гр растопен маргарин
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 200 мл слатка павлака

Состојки за фил:

  • 1 л млеко
  • 3 пудинга од слатка павлака
  • 300 мл слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 150 гр плазма бисквити
  • 300 гр овошје по желба

Начин на подготовка:

  1. Во чинијата во која ќе го правите колачот измешајте бисквити, издробени лешници, шеќер, маргарин, слатка павлака. Израмнете со лажица да добиете подлога, кора. 
  2. Пудингот и шеќерот разматете ги со малку млеко. Останатото млеко и слатка павлака згответе ги па згответе пудинг. Во врелата маса додајте издробени бисквити. 
  3. На кората наредете овошје, па прелијте со врел фил од слатка павлака и бисквити.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text