Торта со пудинг и кокос – Нема печење, готова за 10 минути

Торта со пудинг и кокос – Нема печење, готова за 10 минути

Направете си супер колач без печење на горештините кои веќе почнаа.

Состојки:

  • 400 мл. млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 јајца
  • 400 гр. шеќер
  • 170 гр. маргарин
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 200 мл. слатка павлака
  • 48 бисквити
  • млеко за нив
  • кокос за горе

Подготовка:

  1. Се става во лонец 350 милилитри млеко и се меша остатокот со јајца, пудинг и шеќер, па се става смесата во млекото на рингла кога ќе зоврие и се меша.
  2. Се остава да се згусне со мешање и потоа се трга, па се става и маргаринот изматен со шеќер во прав, па се меша да се соедини смесата.
  3. Се редат бисквитите натопени во млеко, па се става фил, и се така додека има.
  4. Горе ставете кокос.

Добар апетит!