Разладете се во врелите денови: Сладолед со бисквити

Разладете се во врелите денови: Сладолед со бисквити

Засладете се и разладете се со фантастичен сладолед со бисквити.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 500 мл слатка павлака
  • 50 парчиња плазма кекс

Начин на подготовка:

  1. Разматете слатка павлака во цврст снег. Одвојте жолчки од белки. Разматете цврст снег од белки. Додајте лжица по лажица шеќер, ванилин шеќер, па една по една жолчка. 
  2. Бисквитите издробете ги и додајте ги во смесата. Потоа, мешајќи со лажица, добиената маса измешајте ја со разматена слатка павлака во компактна маса. 
  3. Добиениот сладолед ставете го во пластичен сад погоден за замрзнувач. Нека стои во замрзнувач барем 12 часа пред послужување.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта