Пита со домати

Пита со домати

Брза и вкусна пита со домати…

Состојки:

  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 1/2 шолја масло
  • 3 јајца
  • 1 шолја бело брашно
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 4 лажици ајвар
  • 1 лажичка оригано
  • 2 домати
  • 200 гр фета
  • сусам
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки да добиете цврст снег. Во посебен сад разматете жолчки со масло па полека соединете ги двете смеси. 
  2. Во посебен сад измешајте пченкарно и пченично брашно со прашок за печиво. Измешајте со смесата од јајца па додајте масло и уште малку матете. Потоа додајте павлака, ајвар и сечкани домати. Матете додека не добите компактна смеса. Додајте фета и оригано. 
  3. Ставете ја смесата во тепсија и печете на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта