Макарони со спанаќ

Макарони со спанаќ

Вкусно јадење од макарони и спанаќ.

Состојки:

  • 100 гр макарони
  • 80 гр замрзнат спанаќ
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 2 ореви
  • прстофат бибер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон
  • 1 мало парче сув леб

Начин на подготовка:

  1. Макароните згответе ги во солена вода, измијте ги со студена вода и исцедете ги. Смрзнатиот спанаќ заедно со лук, ореви, босилек, бибер, сок од лимон, сол, лажица маслиново масло и 3 лажици вода испасирајте го во пире.
  2. Во длабок сад ставете ги макароните измешани со пире од спанаќ. Парчето леб издробете го и измешајте го со останатото маслиново масло. Посипете преку макароните и печете во претходно загреана рерна додека не порумени.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта