Салата со неколку состојки – За ручек, родендени и прослави

Салата со неколку состојки – За ручек, родендени и прослави

Направете вкусна салата со компири и пченка.

Состојки:

  • 1 кг. компири
  • 1 конзерва пченка
  • 5 кисели краставички
  • 2 млади лукчиња
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче сол
  • ½ сок од лимон

Подготовка:

  1. Се вари компирот, се лупи и сече на коцки.
  2. Се сечат ситно киселите краставички и се сече и младото лукче.
  3. Се става се во сад, се става пченката, сок од лимон, сол и маслиново масло.

Добар апетит!