Штрудла со цреши од готови кори: Сочна, мека и незаборавна

Штрудла со цреши од готови кори: Сочна, мека и незаборавна

Искористете го сезонското овошје. Направете незаборавен десерт!

Состојки:

  • 500 гр цреши
  • 300 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 4 лажици гриз
  • 1 лимон
  • 100 мл масло
  • 8 листови тенки кори за баклава
  • 1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со 4 лажици шеќер, додајте гриз и масло, може и 1/2 прашок за печиво и сѐ добро изедначете. Раширете ја првата кора, малку намастете па додајте преку неа друга кора која ќе ја премачкајте со јајца и гриз обилно. 
  2. Преку неа додајте трета кора, и неа премачкајте ја и четвртата кора премачкајте ја и на дното ставете исчистени цреши. Свиткајте ги страните и свиткајте во ролат. Така направете и со другата ролна. Остатокот од јајцата и гризот премачкајте ги преку ролните. Печете на 200 степени околу 40-45 минути. 
  3. Шпинувајте малку шеќер, додајте лимон на кругови, може и ванилин шеќер па топлата пита прелијте ја со топол сируп. Оставете да впие и сечете ја ладна.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта