Колач-торта со јагоди: Неодолив рецепт кој не може да не успее (Видео)

Колач-торта со јагоди: Неодолив рецепт кој не може да не успее (Видео)

Едноставна и брза подготовка…

Состојки за бисквит:

  • 4 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици вода
  • 1 чаша брашно
  • 50 мл масло

Состојки за прелив:

  • 100 мл млеко за преливање
  • 2 кесички ванилин шеќер

Состојки за фил:

  • 800 гр јагоди
  • 250 гр шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 3 лажици шеќер за пудинг
  • 200 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво, масло и 4 лажици вода. Добро измешајте и ставете во плех обложен со хартија за печење. 
  2. Печете на 200 степени околу 20 минути. Извадете го печениот бисквит и врел прелијте го со млеко измешано со ванилин шеќер. 
  3. Во тенџере ставете шеќер, додајте чаша вода и шпинувајте па додајте јагоди да се готват. Во зготвените јагоди додајте пудинг и добро измешајте. 
  4. Оставете да се излади па ставете на бисквитот и рамномерно распоредете. Изладете па од горе ставете разматен шлаг. Добро изладете и уживајте!

Деталите за подготоква погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед