Крчка од рерна: Запечено пилешко со павлака

Крчка од рерна: Запечено пилешко со павлака

Направете вкусно пилешко филе.

Состојки:

  • 1 кг. пилешко
  • 2 лажици масло
  • 300 гр. димен врат
  • 300 гр. сирење
  • 3 кисели павлаки и малку сол

Подготовка:

  1. Се сече пилешкото да добиете шницли, па се обработуваат со чекан за месо.
  2. Се ставаат на масло на плех и се става сол.
  3. Се става горе од вратот, па рендано сирење.
  4. Се меша убаво павлаката и се става горе, па се пече на 180 степени околу еден час.