Брз појадок или вечера: Стапчиња со семки и сусам

Брз појадок или вечера: Стапчиња со семки и сусам

Направете вкусни стапчиња за појадок или вечера.

Состојки:

  • 1 пакување замрзнато лиснато тесто
  • 1 јајце
  • ½ лажички вегета
  • 60 гр. пармезан рендан
  • 2 лажички семки од тиква и сусам

Подготовка:

  1. Се развлекува тестото на подбрашнета работна маса. Се дели на два дела.
  2. Се мати јајце со вегета и со пола количина се премачкува тестото, па се става пола пармезан и семки од тиква и сусам.
  3. Се сечат стапчиња и се ставаат на подбрашнет плех.
  4. Се повторува цела постапка и содругата половина од тестото.
  5. Се печат на 200 степени на загреана рерна 15 минути.