Освежителен сладолед од диња

Освежителен сладолед од диња

Направете вкусен и освежувачки сладолед од диња.

Состојки:

  • 700 гр. диња
  • 200 гр. шеќер
  • 4 дл. слатка павлака
  • 1 лимон

Подготовка:

  1. Се мие лимонот убаво и се лупи, па се сече кората на резанки.
  2. Се варат во 2 дл. вода со растопен шеќер.
  3. Се вади кората од лимон и се остава да се лади сирупот.
  4. Се мие и чисти дињата, се сече внатрешноста на ситни парчиња и се става во блендер.
  5. Се додава и оладениот сируп и сок од пола лимон и се мати, па се става и изматената слатка павлака.
  6. Се става во сад и во алдилник.