Пченкарни мафини

Пченкарни мафини

Брзи и вкусни пченкарни мафини…

Состојки:

  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја обично брашно
  • 1/4 шолја растопен путер
  • 250 гр кисела павлака пекабела
  • 1/2 шолја млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 175 степени. Ставете хартиени корпички во калап за мафини. 
  2. Ставете го прво сувиот материјал во пластична кеса за замрзнување, потоа додајте и растопен путер, павлака, млеко и разматени јајца. 
  3. Добро затворете ја кесата (истиснете го воздухот) и гмечете додека сите состојки не се поврзат. Потоа отсечете го долниот раб на кесата и низ отворот истиснете тесто во калапите, полнејќи ги до 3/4. Печете 20-25 минути.

Добар апетит!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text