Домашен кремав сладолед – Цело семејство ќе го обожава

Домашен кремав сладолед – Цело семејство ќе го обожава

Направете вкусен крем сладолед.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 2 кеси шлаг
  • 2 дл. млеко
  • 2 дл. слатка павлака
  • по избор 1 лимон (сок и кора)

Подготовка:

  1. Се матат пенасто јајцата со шеќер и ванилин шеќер.
  2. Се мати одделно шлаго со млеко и се додава во смесата.
  3. Се мати и слатката павлака и се додава.
  4. Се меша и се става во пластични садови.
  5. Додадете си по желба сок и кора од лимон за киселкаст вкус.