Како да направите домашен ликер од јагоди (Видео)

Како да направите домашен ликер од јагоди (Видео)

Уживајте во неодолива напивка со вкус на јагоди…

Состојки:

  • 800 гр јагоди
  • 1 л вода 650 гр шеќер
  • 1 л џин

Начин на подготовка:

  1. Исчистете и измијте 800 гр јагоди. Крупните јагоди исечкајте ги на четвртини, а ситните на половини. 
  2. Во тенџере ставете литар вода, додајте 650 гр шеќер, исечкани јагоди и гответе додека не зоврие на умерен оган. 
  3. Кога ќе зоврие додајте литар џин (наместо џин можете да додадете литар вотка или ракија) и гответе додека не зоврие. 
  4. Кога ќе зоврие тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои 24 часа. Потоа процедете, јагодите измиксајте ги, вратете ги во тенџерето, измешајте и повторно процедете. Ликерот ставете го во шишиња.

Уживајте!

Консумирајте одговорно! Алкохолот е забранет за лица помлади од 18 години.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: